РакометРакомет - Суперлига

Пролет убедливо го декласираше Јуниор КВ

Ракометарите на Пролет запишаа убедлива победа над Јуниор Кисела Вода со 34:20 и ја оправдаа фаворитската улога, во последниот натпревар за скопскиот тим во рамки на регуларниот дел од Суперлигата.

Гостите имаа сили само за првите десет миунта од мечот, бидејќи потоа домаќините го зголемија водството. Првиот дел од натпреварот заврши со 17:10. Одличната игра на домаќините продолжи и во второто полувреме, а водството константно растеше до конечни 34:20.

Најдобар кај Пролет беше Јовановски со девет гола, додека кај Јуниор КВ најефикасен беше Милутиновиќ кој даде шест гола.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!