РакометРакомет - Суперлига

Пролет го доби Еурофарм Пелистер 2 во Битола

Пролет на гостувањето во Битола запиша победа од 21:23 над Еурофарм Пелистер 2 во 2. коло од плеј-офот од Супер лигата.

Изирамнет натпревар од самиот почеток кој беше неизвесен до самиот крај. Во првите дваесет минути од натпревар резултатот беше израмнет, по што следуваше подобра реализација за гостите од Скопје и на полувреме заминаа со 10:13. Во вториот дел неизвесноста се врати кога домаќините израмнија на 18:18, по што Пролет повторно одлепи и стигна до конечните 21:23 и втора плеј-оф победа.

Пролет има два од два и шест бодови, додека Еурофарм Пелистер 2 има два порази и е без бодови. Во следното коло Пролет на домашен терен ќе игра против Охрид на домашен терен, додека битолчани ќе гостуваат во Автокоманда кај Еурофарм Пелистер 2.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!