ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Професионални договори за тројца млади фудбалери

Работнички продолжува со курсот за давање поддршка и шанса на младите фудбалери од својата академија. Во таа насока, раководството одлучи да потпише професионални договори со тројца фудбалери.
Рушту Јонуз, Матеј Ангелов и Бљенд Зекири ставија потпис за верност кон клубот. Тие претставуваат светла иднина на Работнички и веќе се дел од сениорскиот погон под раководство на шефот на стручниот штаб Александар Влахо.