ФудбалФутсал

Проект среде Штип го декласираше Астибо

Лидерот Проект ја оправда фаворитската улога со убедлива победа, откако на гостински терен во Штип со 3:8 беше далеку поквалитетен противник од Астибо, во последниот натпревар за есенскиот дел од Првата футсал лига на Македонија.

Гостите одлично го отворија натпреварот и во првиот дел имаа предност од 0:3, а стрелци беа Ивановски, Андов и Ранготов.

Во вториот дел од мечот немаше промени, Проект продолжи да игра убедливо и да ја зголемува својата предност. По само две минути игра во второ полувреме гостите имаа 0:5 преку Ранготов и Андов. Штипјани својот прв гол го постигнаа во 23. минута преку Зашков, а помалку од 60 секунди беа потребни за Проект да постигна нов гол за 1:6, а овој пат стрелец беше Крстевски. Последните минути од мечот штипјани одиграа подобро, постигнаа два гола преку Марковски и Зашков за 3:7, а конечните 3:8 ги постави Ранготов со својот трет гол на мечот во Штип.

Проект е есенски шампион во Првата футсал лига на Македонија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!