ФудбалФутсал

Проект со триумф над Црна Река ја заврши сезоната на второто место

Ланскиот шампион Проект со триумф во Кавадарци над Црна Река од 3:5 ја заврши сезоната на второто место во Првата футсал лига на Македонија.

НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428

Дарко Ранготов беше двоен стрелец за гостите од Валандово, Мирче Стојанов, Димче Андов и Иван Крстевски постигнаа по еден погодок за Проект, додека пак Драган Петровиќ си постигна автогол. За домаќините стрелаа Дарко Темелков и Рафаил Грбиќ.

Колото ќе биде комплетирано утре. Карадаку ќе игра против Арбен Бајрами, додека пак Велес ќе се одјави со Желазарец. Со овие два натпревари ќе биде комплетирана 2021/2022 сезона од Првата футсал лига на Македонија.

Нов шампион е екипата на Шкупи, додека пак во Втората лига се селат Шкендија и Велес.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!