
Актуелниот шампион Проект немаше милост кон Јувентус Серава и со 12:4 го торпедираше Јувентус Серава во рамки на 17. коло од Првата футсал лига на Македонија.
Димче Андов постигна хет-трик за домашните, а по два погодоци постигнаа Дарко Ранготов, Иван Крстевски, Мартин Тодоровски и МирчеСтојанов, а стрелец на еден погодок беше и Мартин Мехмединовиќ.
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА – РЕКЛАМИРАЈТЕ СЕ НА СПОРТСКА МРЕЖА – КОНТАКТ: 074 / 241 – 247
За гостите хет-трик постигна Осман Мустафа, а четвртиот погодок беше дело на Амет Бајрам.
Претходно, Енхалон со службен резултат ја доби Шкендија која не допатува во Струга, со што стружани имаат службени три бодови.