ОстанатоФудбалФутсал

Проект му даде 13 гола на Велес, Шкупи со триумф над Црна Река, Карадаку пресилен за Шкендија

Денес беа одиграни уште три натпревари од 2. коло од Првата футсал лига кое беше отворено во четвртокот со натпреварот меѓу Арбен Бајрами и Јувентус Серава кој заврши со 8:5 за домаќините.

Шампионот Проект со 6:13 славеше против Велес на гостински терен. Иван Крстев беше најдобар стрелец за гостинската екипа кој постигна пет погодоци, по два погодоци постигнаа капитенот Дарко Ранготов и Димче Андонов, а во листата на стрелци за Проект со по еден гол се запишаа и Драган Петровиќ Мартин Тодоровски, Александар Михајлов и Мирче Стојанов. За Велес два погодоци постигна Давид Вељановски, а по еден гол постигнаа Никола Илијоски, капитенот Мартин Калчев, Александар Николовски и Даниел Боневски.

Карадаку на домашен терен со високи 7:2 славеше над Шкендија. За домаќинот Енис Ељази стигна до хет-трик, капитенот Егзон Исени беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Јасир Закири и Биљали Хасан. За гостинската екипа двата погодоци ги постигна капитенот Меритон Халили.

Шкупи на домашен терен со 8:4 славеше над Црна Река. Првиот дел од мечот заврши со 5:1.

Колото ќе биде комплетирано во понеделник со мечот меѓу Енхалон и Железарец.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!