
Интересен натпревар се одигра во Валандово помеѓу младата екипа на Проект Јосифово и фаворитот СЕЕ Университи од Тетово во натпревар од 7. коло од Втората футсал лига.
Натпреварот започна со рано и големо водство за гостите од Тетово кој до 9. минута имаа 0:3 со еден гол на Ферати Бесар и два гола на Мемеди Хисен. Домаќинот веднаш намали на 1:3 со гол на Михајловски Валентин. Одличната игра на гостите продолжи кој до 12. минута имаа водство од 1:5 со два нови гола на Хисен. Прад крајот на првиот дел Митровски Давид постигна два гола за 3:5 на полувреме.
Во вториот дел се играше борбено и цело полувреме помина со голема неизвесност. На стартот на второто полувреме Делев Митко погоди за 4:5, а Ивановски Антонио донесе израмнување 5:5. Со два брзи гола до 28. минута домаќинот имаше водство од 7:5, а стрелци беа Манчев Кирил и Михајловски Валентин. СЕЕ Университи брзо реагираше и дојде до голема победа со новите пет гола на Хисен за конечни 7:10