
Вечерва со натпреварот меѓу Проект Јосифово и Енхалон стартува 8. коло од Втората футсал лига на Македонија. Натпреварот кој се игра во Валандово ќе започне во 19:00 часот, а прв судија ќе биде Ицковски Филип, додека за втор судија е делегиран Шоповски Славче.
Во Струга, Велешта ќе ја пречека екипата на Клими од Кавадарци. Натпреварот се игра со почеток од 16:30 часот, а за прв судија е делегиран искусниот Исмаили Музафер, додека за втор судија Абаз Имран.
Колото ќе биде затворено со дербито во Тетово меѓу Шкеднија и СЕЕ Университи кое се игра во недела со почеток од 19:00 часот. За прв судија на овој меч е делегиран Ицев Тоше, додека втор судија ќе биде Димитријевиќ Дејан.
Екипата на Овче Поле е слободна.