ФудбалФутсал

Проект го збриша Кратово, Арбен Бајрами со голема победа над Јувентус Серава

Во вторникот беше отворено 17. коло од Првата футсал лига на Македонија кое ќе се комплетира во понеделник со градско дерби во Штип.

Јувентус Серава 4:7 Арбен Бајрами

Во воведниот натпревар меѓу Јувентус Серава и Арбен Бајрами, гостите со 4:7 беа подобри и запишаа нова победа. Интересно е тоа што во првото полувреме беше постигнат само еден погодок, додека во второто паднаа дури десет погодоци. Гостинската екипа стигна прва до водство во 8. минута со гол на Стојковски Игор. На стартот од вториот дел мрежите почнаа да се тресат и на двете страни. Во 21. минута Рамадан Јакуп зголеми на 0:2, а по три минути игра Салиевски Сали намалин на 1:2. За две минути Арбен Бајрам стигна до 1:4, со погодоците на Далип Ерол и Јахја Абдил Кадир. Пет минути подоцна Јахја постигна втор гол за 1:5. Домашната екипа преку два брзи погодоци на Салиевски Сали намали на 3:5. Во 38. минута Рамадани Берат погоди за 3:6, а Сулејмани Јусуф зголеми на 3:7. Во самиот финиш од натпреварот Мустафан Осман постигна гол за конечни 4:7.

Проект 11:3 Кратово

Лидерот Проект на домашен терен ја збриша екипата на Кратово со 11:3 и сосема очекувано запиша нова победа. Резултатот го отвори Митков Слободан кој во 4. минута донесе водство за 1:0 за домашната екипа. Во 8. минута Крстевски Иван зголеми на 2:0, а за помалку од една минута Михајлов Александар постигна гол за 3:0. Давчевски Бобан во 10. минута зголеми на 4:0. Кратово како да се разбуди и постигна два брзи гола во 10. и 11. минута, а двоен стрелец беше Начковски Бобан. Проект се налути и до крајот на првиот дел постигна два погодоци за 6:2 на полувреме, а стрелци беа Грбашлиев Лазе и Андов Димче. Во вториот дел Кратово остана без сили, а Проект продолжи да ја полни мрежата на гостите. За една минута домашната екипа постигна три гола и веќе резултатот на семафорот беше 9:2, стрелец на едниот гол беше Андов Димче, а двоен стрелец беше Тодоровски Мартин. Две минути подоцна Проект стигна до двоцифрен резултат, а овој пат гол постигна Ивановски Кирил за 10:2. Начковски Бобан од Кратово стигна до хет-трик за 10:3, а конечните 11:3 ги постави Давчевски Бобан во самиот финиш од натпреварот.

Уште четири натпревари треба да бидат одиграни за колото да се комплетира.

Железарец – Шкупи (недела)
Црна Река – Карадаку (недела)
Велес – Кеги Моби (недела)
Астибо – Мал Ајакс (понеделник)

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!