ФудбалФутсал

Проект го доби дербито со Железарец и непоразен оди на дерби со Арбен Бајрами

Денес во Валандово се одигра дерби натпревар меѓу лидерот Проект и екипата на Железарец од 13. коло од Првата футсал лига на Македонија, каде домаќинот со 3:2 беше подобар.

Резултатот го отвори непоразениот лидер Проект во 5. минута со гол на Михајлов. Во 14. минута Давчевски постигна гол за 2:0. Четири минути подоцна Кајсторовски ја погоди противничката мрежа и намали на 2:1.

На стартот на вториот дел Проект преку Крстевски зголеми на 3:1, а пред самиот финиш од натпреварот Даиловски ги постави конечни 3:2.

Во следното коло Проект игра многу важен дерби дуел против второпласираниот Арбен Бајрами, дерби за прво место во Првата футсал лига. Железарец на домашен терен ќе игра против Црна Река.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!