ФудбалФутсал

Проект есенски шампион во Првата футсал лига, голема борба за шампионската титула, како и за опстанок!

Футсал клубот Проект е есенски шампион во Првата македонска футсал лига со 31 освоен бод. Клубот е единствен непоразен во есенскиот дел, има десет победи и само едно реми.

Во борбата за шампионската титула влегуваат четири екипи. Второпласираниот Арбен Бајрами има само еден бод помалку од есенскиот шампион, актуелниот шампион Шкупи е трет на табелата со 25 бодови, додека на четвртото место е Железарец кој има 25 бодови, што ќе понуди атрактивна пролет и борба до последното коло.

Борбата за опстанок во Првата футсал лига ќе биде тешка, бидејќи лигата ја напуштаат дури четири екипи, затоа што минатата сезона немаше испаѓање, поради пандемијата со Ковид-19. Од Втората футсал лига во Првата футсал лига ќе се приклучат првите две екипи.

Големо разочарување е Мал Ајакс од Штип кој е последен на табелата со два освоени бодови, како и Кратово кој со 4 бодови е претпоследен, па овие две екипи ќе бидат пред многу тешка задача во борбата за опстанок.

Борба за опстанок ќе водат и Црна Река од Кавараци која со 8 бодови е на десеттото место, како и Астибо до Штип кој со ист број на бодови е на деветтото место. Кеги Моби од Велес со 9 бодови е на осмото место, додека Велес е седми со 12 бодови, па и овие две екипи ќе мораат да одиграт добра пролетна полусезона со цел да изборат сигурен опстанок во лигата.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!