ОстанатоФудбалФутсал

Продолжуваат натпреварите од Втората футсал лига: Дерби меѓу Конзули и Форца, Астибо домаќин на Овче Поле

Утре продолжуваат возбудувањата од Втората футсал лига на Македонија со мечот во Тетово меѓу СЕЕ Университи и Мал Ајакс кој ќе започне во 19:00 часот.

>>> ПРОМОЦИЈА НА АПАРТМАНИ И РЕСТОРАНИ НА ТУРИСТИЧКАТА ПЛАТФОРМА – КОТВА.МК <<<

Во недела во Кавадарци ќе се соочат фаворитот Клими и Црешово Топче од Пробиштип со почеток од 19:00 часот, а еден час претходно во Валандово ќе се судрат СФК Проект и Кардшлк од Штип.

Колото ќе биде комплетирано во понеделник со оснататите два дуели. Астибо на домашен терен ќе се соочи со Овче Поле, а пак во Битола ќе се игра големото дерби меѓу третопласираниот Конзули и второпласираната Форца. Овие два натпревари ќе започнат во 19:30 часот.

Лидерот Кеги Моби е слободен бидејќи екипата на Велешта во есенската полусезона беше дисквалификувана од натпреварувањето.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!