Продолжува извонредниот ритам: Кит Го со убедлива победа од 3:0 на дербито со Кожуф

Продолжува извонредниот ритам кој од стартот на годината играат фудбалерите на Кит Го. Нова победа во пролетниот дел од сезоната, повторно со убедливи 3-0 против Кожуф во дербито на 18. коло во Втората лига – Исток.
Избраниците на Емил Грнев продолжуваат со беспрекорните игри, денешната победа најавувајќи ја со убавиот погодок на Тони Мичковски уште во 4. минута од средбата, по нафрлувањето од слободен удар од левата страна.
Водството донесе дополнителна сигурност во играта на Кит Го, мирно одржувајќи го ритамот на натпреварот без многу возбудувања во продолжението.
Во второто полувреме, повторно доминантна игра на Кит Го на средината од теренот, за да сето тоа е крунисано со уште еден гол на Тони Мичковски за 2-0 во 74. минута. Но, пехчевци не останаа само на тоа. Во 84. минута и засилувањето Кире Трпчевски погоди за 3-0 со својот деби-погодок во дресот на Кит Го.