Турнири

Продолжен рокот за пријавување екипи на Турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта

Рокот за пријавување на Турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта се пролонгира до понеделник (20. јуни) до 20:00 часот.

Распоредот на екипите во групи ќе се изврши во понеделник (20. јуни) во 21 часот, додека пак почетокот на турнирот ќе биде во вторник (21. јуни).

Котизацијата односно учеството по екипа е 3.000 денари, а пријавувањето можете да го направите на 075 701 800 кај Игор Крцоски (Манце) или пак на Официјалната фејсбук страница на Турнир во мал фудбал „Петровден” – Мешеишта.

Натпреварите ќе се играат во вечерните часови под рефлекторско осветлување, а правдата на истите ќе ја делат професионални судии.

Колку за потсетување турнирот секогаш привлекува голем интерес, а во своето постоење само една година (2020) направи пауза поради пандемијата со Ковид-19. Минатата сезона организаторите повторно започнаа со организација на турнирот под протоколи за заштита од Ковид-19, што е потврда за една голема и одлична организација бидејќи како што кажавме турнирот се играше според Протоколи за заштита од Ковид-19.

Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал е медиумски покровител на турнирот во мал фудбал „Петровден” – Мешеишта!

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!