Продолжен рокот: Уште две слободни места на турнирот „Св. Наум Охридски“ во с. Стар Караорман, Штип

Рокот за пријавување на турнирот во мал фудбал „Св. Наум Охридски“, кој се игра во штипското село Стар Караорман е продолжен до утре. Остануваат уште само две слободни места.
Пријавувањето завршува утре во 17:00 часот, а потоа ќе биде излекувањето на ждрепката.
Колку за потсетување котизацијата по екипа е 2.000 денари, а ќе се игра во формат 5+1. Турнирот започнува во вторник со првите натпревари кои се играат во вечерен термин.
Првопласираната екипа ќе добие награда од 30.000 денари, за второпласираната е предвидена награда од 15.000 денари, додека пак третопласираната ќе добие награда од 8.000 денари. Ќе има и награди за најдобар голман и најдобар стрелец.
За подетални информации како и за пријавување на екипи на:
072 / 214 – 212, Влатко Стојанов
078 / 312 – 457, Миле Димитров
072 / 243 – 115, Даниел Стојанов
Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал e медиумски покровител на турнирот во мал фудбал „Св. Наум Охридски“!