Европски ФудбалФудбал

Проблеми за Пеп: Сити месец и половина без Феран Торес!

Фудбалерот на Манчестер Сити, Феран Торес, заработи повреда на стапалото додека играше за шпанската репрезентација, а според првите прогнози, тој ќе отсуствува од терените околу шест недели.

Торес заработи повреда на натпреварот со Италија во полуфиналето на Лигата на нации, но сепак играше во финалето против Франција.

Меѓутоа, по неговото враќање во Англија, снимката покажа дека повредата не е толку наивна како што се мислеше на почетокот и дека ќе следи подолга пауза.

Тоа е сериозен удар за Пеп Гвардиола, без оглед на големиот избор на квалитетни играчи. Феран Торес беше еден од најзабележаните играчи на „Граѓаните“ досега оваа сезона. Иако пристигна како крилен напаѓач, тој се истакна и во улогата на класичен напаѓач.

Има густ распоред пред Сити. Во следниот месец и половина се очекува да одиграат 11 натпревари, вклучувајќи го и градското дерби на „Олд Трафорд“, како и нов дуел со Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите. Торес, исто така, сигурно ќе пропушти важни натпревари за Шпанија следниот месец во квалификациите за Светското првенство 2022 година.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!