Европски ФудбалФудбал

Пристигнува ново ГОЛЕМО засилување во Барселона!

Шпанскиот гигант Барселона договори пристигнување на уште едно звучно засилување на „Камп Ноу“, а според странските медиуми, член на „блауграна“ наскоро ќе стане Мемфис Депај.

По потписите на Серхио Агуеро, Ерик Гарсија и Емерсон од Бетис, сега е договорено доаѓањето на фудбалерот на Лион, што исто така беше голема желба на Роналд Куман.

Клубот од „Камп Ноу“ имаше намера денес да го официјализира трансферот, пред натпреварот помеѓу Холандија и Украина, во рамките на првото коло од групата Ц на Европското првенство, но сè ќе биде одложено за неколку дена.

Сепак, постигнат е договор, Депај ќе добие малку подобри услови отколку што првично се очекуваше, но бројот на сезони во договорот ќе се намали, од три на две.

Според странските медиуми, Холанѓанецот ќе добие можност да го продолжи договорот, откако ќе истечат две години од договорот, доколку исполни некои клаузули од договорот.

Да потсетиме, Депај доаѓа во редовите на Барселона како слободен агент.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!