ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Прилепска Победа ги закажа контролните натпревар до почетокот на ВМФЛ – Исток

Победа ја комплетираше листата на контролни натпревари кои треба да бидат одиграни пред стартот на новата сезона од Втората лига – Исток.

Првиот натпревар се игра утре во 17:30 часот на Могила против радовишки Детонит. За седум дена следува тест со Братство од Житоше, на 22 јули е закажан тест со Беса, а три дена подоцна Победа ќе зеде учество на турнирот „Вуко Каров“ во Кавадарци (по 45 минути со Тиквеш и Вардар).

На 1 август Победа ќе се тестира со Вардар, на 7 август е закажан тест со Охрид, додека „генерлката“ е резервирана за вториот охридски второлигаш – екипата на Воска Спорт за 14 август.

Прилепчани најавуваат враќање во Првата македонска фудбалска лига.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!