Прилепчани сакаат прв триумф, неизвесно соочување во Кавадарци, скопска пресметка на Чаир

Денес се играат останатите четири натпревари од 7. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Победа е единствената прволигашка екипа која сè уште нема забележа триумф во новата сезона од ПМФЛ, а токму денес прилепчани го посакуваат тој триумф против штипска Брегалница.
Домашниот терен и секако верната многубројна публика ќе биде силен адут за Победа да дојде конечно до цел „плен“, но од друга страна Брегалница која игра одличен фудбал во Прилеп доаѓа силно мотивирана и одморена.
Брегалница нанижа два победи во низа, откако со 1:0 славеше над Македонија ЃП и со 2:0 над Шкупи, потоа одмараше, бидејќи беше слободна, па во Прилеп штипските „сини“ доаѓаат со голем мотив и дополнителна енергија.
Струга Трим Љум против Скопје ќе брка седми триумф во низа. Стружани со максимални 18 бодови се осамени на врвот од табелата, а со нов триумф денес значително ќе се одлепат од конкурентите за титулата и ќе итаат кон историја.
„Пиратите“ од Автокоманда, по четири порази во низа, во претходното коло славеа над Победа (1:0) на домашен терен, па денес покрај Охридското Езеро за нив се освен пораз ќе биде позитивен резултат.
Во Кавадарци ќе гледаме неизвесен судир на Тиквеш и Академија Пандев. Двете екипи имаат по седум освоени бодови од шест одиграни натпревари. Тренерски смени имаше и во Кавадарци и во Струмица.
ВАШАТА РЕКЛАМА НА СПОРТСКА МРЕЖА ПО ПРОМО НИСКИ ЦЕНИ, КОНТАКТ: 074 241 247
Влатко Костов си замина од тренерското столче во Тиквеш, додека пак Академија Пандев и Ѓорѓе Стојчев спогодбено се разделија. Тиквеш моментално го предводат Ѓорѓи Мојсов, Трајче Орешков и Александар Митрев, додека пак Академија Пандев го назначи Александар Васоски за старо-нов тренер, кој во Струмица се врати по 8 месеци поминати во Сараево.
Тиквеш сè уште нема триумф над Академија Пандев, ниту во Втора, ниту во Прва лига. Двете екипи досега на официјални натпревари се соочија шест пати, а еднаш одиграа и пријателски натпревар. На сите средби Академија Пандев триумфирала против Тиквеш. Традицијата вели дека трите бодови ќе заминат во Струмица во меч со многу погодоци.
- Меѓусебни натпревари Тиквеш – Академија Пандев:
27.08.2016 Тиквеш 1:3 Академија Пандев ВМФЛ
19.11.2016 Академија Пандев 7:0 Тиквеш ВМФЛ
22.04.2017 Тиквеш 1:3 Академија Пандев ВМФЛ
01.08.2020 Академија Пандев 2:0 Тиквеш Пријателски натпревар
18.08.2021 Тиквеш 0:2 Академија Пандев ПМФЛ
21.11.2021 Академија Пандев 3:2 Тиквеш ПМФЛ
19.03.2022 Тиквеш 1:2 Академија Пандев ПМФЛ
На Чаир ќе гледаме скопска пресметка помеѓу шампионот Шкупи и Работнички. Двете екипи не се во форма во која посакуваат да бидат. Шкупи после двата порази (Брегалница 2:0 и Тиквеш 3:1), а претходно ремизираше против Победа (1:1) го врати Гоце Седлоски на тренерското столче.
Турболенциите кај актуелниот шампион се минато, па веќе денес Шкупи сака брзо враќање на победничките патеки и намалување на бодовната разлика во однос на непоразениот лидер Струга Трим Љум
Работнички сезоната ја започна со три последователни порази, потоа забележа триумф над Тиквеш, а пак со Македонија ЃП одигра 1:1. Трите бодови ќе бидат императив и за двете екипи, па тоа може да понуди интересен и неизвесен меч.