ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Прилепчани ќе го бранат лидерското место од трите ривали, пеколна борба за опстанок!

Денес стартува пролетната полусезона од Втората лига – Исток која ќе донесе многу возбудливи моменти, неизвесни натпревари и голема битка за врвот и опстанокот.

Пролетниот дел ќе биде доста изедначен четири екипи се борат за врвот и директен влез во Првата македонска фудбалска лига, додека пак шест екипи ќе водат битка за опстанок во второлигашкото друштво за следната сезона.

Победа е на врвот со 32 бодови, исто колку што има и второпласираната Слога 1934 Виница. Прилепчани ангажираа неколку квалитетни засилувања со цел да го бранат врвот и на тој начин директно да се вратат конечно во елитата. Своја шанса и напад од сенка ќе имаат Каменица Саса и Беласица кој исто така важат за фаворити за директен влез во ПМФЛ.

Интересно ќе биде и во борбата за опстанок каде шест екипи ќе ја водат оваа битка. Кожуф, Пехчево, Осогово и Детонит бодовно се близу и имаат најголеми шанси за директен опстанок. Братство Житоше и Локомотива Градско имаат по 7 односно 6 бодови и овие две екипи ќе ја имаат најтешката задача кога е во прашање опстанокот во Втора лига за следната сезона.

Што се однесува до денешните натпревари Беласица ќе гостува во Кочани кај Осогово, Братство на „Гоце Делчев“ ќе истрча како домаќин против големиот фаворит Победа, Каменица Саса ќе го пречека Кожиф, Слога 1934 Виница ќе игра дерби со Пехчево, додека Локомотива Градско ќе биде домаќин на Детонит од Радовиш.

Сите натпревари ќе започнат во 14:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!