РакометРакомет - Суперлига
Прилеп загуби на тестот од Охрид

Ракометарите на Прилеп загубија на денешниот контролен натпревар од екипата на Охрид со резултат од 26:28, полувреме 17:15, одигран во Прилеп.
И покрај поразот Горан Кузманоски е задоволен од прикажаната игра на своите ракометари бидејќи во текот на целиот натпревар екипата на Прилеп имаше контрола на мечот против една екипа која оваа пролет ќе се бори за излез во Европа односно е една од најдобрите македонски екипи која во изминатиот дел од Суперлигата имаше 12 победи од исто толку одиграни натпревари.
Во сабота двете екипи ќе одиграат уште еден контролен натпревар овој пат во Охрид.