РакометРакомет - Суперлига

Прилеп со убедлива победа над Јуниор Кисела Вода

Ракометарите на Прилеп на домашен терен запишаа убедлива победа над Јуниор Кисела Вода со 33:27 и стигнаа до втор триумф во плеј-аутот од Супер лигата.

Јуниор КВ одлично отвори и имаше водство, по што Прилеп го сврте резултатот и дојде до водство. Избраниците на Горан Кузманоски играа одлично и на полувреме имаа водство од 18:14.

Во вториот дел гостите од Скопје намалија на минус три, но домашната екипа продолжи со одличната игра и на крајот сосема заслужено славеше со 33:27.

Најефикасни кај Прилеп беа Александар Тренчевски и Реваз Чантурија кои постигнаа по шест погодоци, додека кај Јуниор КВ најдобри беа Бојран Манев и Стефан Крстевски со по четири гола.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!