Прилеп со пресврт до голема победа, Радовиш влезе во длабока резултатска криза (ВИДЕО)

По двата пораза во првите две кола во плеј-аутот ракометарите на Прилеп конечно запишаа победа, откако на домашен терен херојски стигнаа до победа од 20:17 над Радовиш и ги израдуваа своите фанови.
Радовишани одлично го отворија мечот во Прилеп и беа сигурно во својата игра, имаа предност од 4 гола на 4:8, по што домашните ракометари заиграа подобро и на полувреме имаа негатива од само еден разлика при 8:9.
Големата борба и неизвесноста продолжи и во вториот дел од натпреварот. Радовиш повторно отвори одлично и имаше водство се до последните пет минути од натпреварот. После тајм-аутот на домашната екипа, предноста на Радовиш почна да се топи, а Прилеп го сврте резултатот и дојде до прва победа и први бодови во плеј-аутот и борбата за опстанок во суперлигашкото друштво.
Новите засилувања не му помагаат на Радовиш кој од натпревар во натпревар влегува во поголема резултатска криза, а тоа ги остава радовишани во ситуација да го загрозат опстанокот во Супер лигата, со оглед на фактот дека директните конкуренти веќе се одлепуваат на табелата.
Прилеп е на петото место на табелата со 3 освоени бодови, додека Радовиш е на шестата позиција без освоени бодови и се наоѓа во опасната зона. Во следното коло Прилеп повторно игра дома овој пат против Јуниор Кисела Вода, додека Радовиш ќе има тежок дуел на домашен терен против фаворитот Тиквеш.
Колото ќе биде комплетирано утре, a натпреварите ќе можете да ги следите и во ЖИВО на Спортска Мрежа.
Целиот натпревар Прилеп – Радовиш