ФудбалФудбал - Четврта Лига
Прилеп Сити загуби од Мукос Дреновци на пријателски натпревар

Екипата на Прилеп Сити која се натпреварува во ОФЛ – Прилеп во саботата одигра пријателски натпревар на теренот со вештачка трева против екипата на Мукос Дреновци во кој загуби со 3:4. Стрелци за екипата на Прилеп Сити беа Грозданоски, Шиклески и Наумов.
Претходно на 31. јули екипата на Прилеп Сити победи против Пролетер со 3:1 каде двоен стрелец беше Кочовски, а во листата на стрелци се запиша и Шиклески.