РакометРакомет - Суперлига

Прилеп под водство на Кузманоски ги започна подготовките за престојната полусезона

Прилеп денес ги започна подготовките за пролетните предизвици во плеј-аутот од Суперлигата на Македонија.

Тренерот Горан Кузманоски денес прозиваше, Прилеп засилен ги започнува подготовките за тешката полусезона која претстои.

Изминатиот период Прилеп остана без услугите на пикерот Пајкоски кој ја напушти екипа, но затоа во составот на Прилеп доаѓаат две искусни имиња. Станува збор за пикерот Александар Тренчевски, како и искусниот среден бек Златко Везенкоски.

Главна цел на тимот е освојување на првото место во плеј-аутот, што би значело опстанок во Суперлигата.

„Се надеваме на една успешна полусезона во која клубот ќе обезбеди опстанок во Суперлигата“, велат од клубот.

Во плеј-аутот покрај Прилеп ќе се натпреваруваат и Радовиш, Астраион од Струмица, Младост Богданци, Голден Арт КЛ7, Тиквеш, Јуниор Кисела Вода и Работнички.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!