ОстанатоФудбалФудбал - Останато

Пријавување за Детска Лига 2022

Во тек е пријавувањето за ФФМ Детска Лига 2022 која оваа сезона ќе се одигра во скратен формат.

>>> ПРОМОЦИЈА НА АПАРТМАНИ НА КОТВА.МК <<<

Сите потребни документи се наведени во пријавата за учество со забелешка дека истите се однесуваат само за клубови кои се пријавуваат за прв пат. За клубови кои веќе учествувале, освен пријавата, доволни се само документите наведени под точка 1 во неа.

Секој заинтересиран клуб зависно во која од наведените категории спаѓа, треба уредно пополнетата пријава(заедно со останатите потребни документи) да ја достави до координаторот на регионот за кој клубот го пријавува своето учество.

Северен регион: [email protected] и [email protected]

Западен регион: [email protected]

Југозападен регион: [email protected]

Преспанско пелагониски регион: [email protected]

Централен регион: [email protected]

Источен регион: [email protected]

Пријавувањето завршува на 15.02.2022. Задоцнети пријави нема да се земаат во предвид поради што ве молиме да го имате во предвид дадениот рок.Пријава за учество Детски лиги 2022.doc

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!