ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ПРВА ЛИГА

Пријателски натпревари: Воска подобра од Струга, Караорман минимално го доби Охрид

Викендот нема фудбал во Прва и Втора лига поради репрезентативната пауза, па македонските прволигаши и второлигаши „слободниот“ викенд го искористија за да одиграат пријателски натпревари.

На „Билјанини Извори“ во Охрид второлигашот Воска Спорт со 4:2 славеше над прволигашот Струга Трим Љум. Двете екипи настапија во комбинирани состави со цел да им се даде шанса на играчите со помала минутажа, а секако, тренерите комбинираа и испробуваа различни комбинации.

Лидерот Струга преку овој пријателски меч дополнително се подготвува за тешкото гостување во Кратово против Силекс, а пак Воска Спорт овој меч го искористи како дополнителна подготовка за големото градско дерби со Охрид, кое се игра веќе следниот викенд.

Караорман – Охрид

Во Струга покрај езерото Караорман и Охрид одиграа пријателски натпревар, кој заврши со минимален триумф од 1:0 за струшкиот второлигаш.

Караорман по репрезентативната пауза ќе има „незгодно“ гостување во Македонска Каменица против екипата на Саса.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!