ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГАФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Пријателски натпревар помеѓу третолигашот Карбинци и прволигашот Брегалница

Утре со почеток од 19:00 часот ќе биде одигран пријателски натпревар помеѓу третолигашот Карбинци и прволигашот Брегалница од Штип. Натпреварот е по повод одбележувањето на Спасовден, Денот на општина Карбинци.
„Ова е убава можност љубителите на фудбалот и воопшто спортот да уживаат во ревијален натпревар под светлата на рефлекторите на стадионот во Карбинци. Натпреварот ќе започне во 19:00 часот, а влезот е слободен. Двете екипи ги завршија настапите во своите конкуренции, па ова ќе биде на некој начин затворање на сезоната пред летните одмори за фудбалерите, а секако и убав придонес во одбележувањето на денот на општината Карбинци, како и верскиот празник Спасовден кој се слави во Карбинци“, велат од третолигашот Карбинци.