ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Пријателски натпревар меѓу Росоман и Кожуф во чест на фудбалската легенда Никола Темов – Мускулот

Во недела ќе се одигра контролен натпревар меѓу второлигашите Росоман и Кожуф во чест на фудбалската легенда Никола Темов – Мускулот.

Оваа година поради пандемијата со Ковид-19, овој традиционален настан ќе биде поскромен и пократкотраен, но затоа ќе има квалитетен натпревар, преку кој ќе се потсетиме уште еднаш на Никола Темов – Мускулот.

Овој натпревар ќе биде и „генералка“ пред стартот на Втората лига – Исток.

Натпреварот ќе се одигра на стадионот во Росоман со почеток од 14:00 часот, без присуство на публика, согласно мерките и протоколите за заштита од Ковид-19.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!