ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Превалец убедлив на генералката против Марена

Фудбалерите на Превалец денес забележаа убедлива победа од 3:1 на генералката пред стартот на новата сезона од Третата лига – Југ против екипата на Марена. За Превалец трите погодоци ги постигнаа Крстев, Чоков и Ѓорѓиевски.
Денешната контролка беше последна и за двете екипи кои максимално подготвени влегуваат во новата сезона од ТМФЛ – Југ.
Во рамки на првото коло екипата на Превалец ќе игра против Напредок Крушеани, а пак Марена ќе стартува против Младост 1930.