ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Превалец го доби Росоман во контролен натпревар

Третолигашите Превалец и Росоман вчера одиграа контролен натпревар кој заврши со резултат од 4:2 за домашната екипа. За Превалец вчерашниот тест беше прв во подготовките за новата сезона од Третата лига – Југ.

Одличен тренинг натпревар одигран од страна на двете екипи во фер и коректна атмосфера.

За Превалец стрелци на погодоците беа Б. Дукадиновски, А. Јанкулоски и П. Стојанов кој два пати ја погодиц противничката мрежа. За Росоман погодија С. Дуков и Х. Тодоровски.

Превалец минатата сезона одигра солидна сезона и се бореше за врвот од табелата, додека Росоман заврши на последното место во Втората лига – Исток и испадна во ТМФЛ – Југ, па во новата сезона која стартува на почеток од септември двете екипи ќе водат битка за врвот од табелата.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!