Европски ФудбалФудбал

Претседателот на клубот со поклон до навивачите – „Един Џеко доаѓа кај нас!“

Капитенот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Един Џеко, најверојатно ќе ја напушти Рома, а според медиумите во Турција, неговиот нов клуб ќе биде Фенербахче.

Претседателот на Фенербахче, Али Коч сака да им го „подари“ босанскиот „дијамантот“ на навивачите, а наводно комплетниот договор бил реализиран додека Џеко бил на одмор во Турција.

Конечните преговори се очекува да се одржат во Рим, бидејќи Џеко има уште една година договор со Рома, но се очекува Фенербахче наскоро да го официјализира трансферот на босанскиот интернационалец.

Покрај Фенербахче, заинтересиран беше уште еден турски клуб Бешикташ, но на крајот се чини дека Фенер беше поуспешен и го ангажираше босанскиот напаѓач, кој минатата сезона постигна 14 погодоци и четири асистенции.

Доаѓањето на Џеко не е единственото што Фенербахче планира да го стори во летниот преоден рок, бидејќи истиот извор наведува дека се договориле со сегашниот селектор на хрватската репрезентација, Златко Далиќ, кој треба да биде нивен тренер следната сезона.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!