Европски ФудбалФудбал

Претседателот на Ботев Враца: Кој ќе извади 100.000 евра може да го земе Бабунски

Претседателот на Ботев (Враца) Христо Илиев откри дека откупната клаузула на ѕвездата на тимот Доријан Бабунски е 100.000 евра. Досега, сепак, ниту еден клуб не му понудил конкретна понуда.

„Читав и слушав многу работи за Доријан дека го сакаат ЦСКА 1948, Левски, Лудогорец, Ботев (Пловдив)… Засега нема официјална понуда за него од ниту еден клуб, без разлика дали е од Бугарија или од странство. Ние како тим не сме имале такво нешто. Ако има секако ќе разговараме со играчот и неговиот агент. А ако се согласи ќе го пуштиме. Сакам овој фудбалер да се развива. Гледам дека тој сака да оди напред и нагоре и не можеме да го задржиме.“

„Секој тим што ќе извади 100.000 евра бидејќи тоа е откупната клаузула може да го земе. Секој фудбалер на Ботев Враца има откупна клаузула во договорот. Доколку некој сака да го земе Доријан Бабунски пред истекот на неговиот договор, мора да ја испочитува клаузулата од 100.000 евра. Ако остане во Ботев, уште подобро за нас. Веќе има 10 гола во првенството, многу помага. Неговиот договор е до 30 јуни 2022 година. Така што до крајот на сезоната може да ни помогне, особено во битката што ја водиме.“

„Бабунски е голем професионалец. По промашениот пенал против Левски се расплака. Секоја загуба ја сфаќа сериозно. Тој тренира и размислува за фудбал буквално 24 часа. Драго ми е што имаме ваков фудбалер во нашите редови“, изјави Илиев за „Тема Спорт“.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!