Европски ФудбалФудбал

Премиерот на Баварија забрани гледачи на фудбалските трибините

Во Германија, поради влошената епидемиолошка состојба предизвикана од пандемијата со коронавирус и значителното оптоварување на здравствениот систем во некои покраини, може да дојде до ново заострување на мерките, а со тоа и нови одлуки за публиката на стадионите.

Премиерот на Баварија, Маркус Зедер по средбата во Минхен изјави дека побарал фудбалските натпревари во земјата да се играат без публика до крајот на годината.

Тој смета дека не е адекватно стадионите да бидат полни ако божиќните пазари се затворени.

„Ќе предложиме натпреварите во професионалните лиги да се играат без публика до крајот на годината. Ќе работиме за да се осигураме дека ова ќе се примени во сите делови на Германија, но Баварија може сама да го стори тоа“, рече Зедер.

Во некои делови на Германија се отворени божиќните пазари, но се забранети во Баварија и Тирингија поради влошената епидемиолошка состојба.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!