Европски ФудбалФудбал

Преговорите се во тек – по Балотели, доаѓа уште една ѕвезда во Адана Демирспор!

Претседателот на Адан Демирспор, Мурат Санџак ја потврди информацијата дека клубот е во преговори со бразилскиот дефанзивец Давид Луиз.

Договорот на 34-годишниот дефанзивен играч со Арсенал истече и тој е слободен да избере нова средина. Претходно и Фламенго исто така покажа интерес за овој играч.

„Да, разговаравме со Давид. Преговорите ќе продолжат преку неговите агенти. Се надевам дека успешно ќе ги завршиме“, рече Санџак за „ТРТ Спор“.

Минатата сезона Луиз одигра 30 натпревари и постигна два гола. Бразилецот дојде во Арсенал од Челси во 2019 година, а играше и за ПСЖ, Бенфика и Виторија.

Адана Демирспор се врати во елитната турска лига по 26 години, а неодамна договор потпиша и Марио Балотели.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!