ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Преглед на Втора лига – Запад: Скопје со фантастична полусезона гледа кон Прва лига, Велешта и Охрид пријатно изненадување, голема борба за опстанок!

Скопје одигра фантастична полусезона во Втората лига – Запад и заврши на првото место пред Гостивар кој важеше за голем фаворит и ги надмина очекувањата на многумина. „Пиратите“ во есенскиот дел на 16 одиграни натпревари запишаа 11 победи, четири ремија и само еден пораз, и со 37 бодови завршија како есенски шампион. Скопје пред неколку сезони беше прволигаш, па доколку заврши на крајот од сезоната на лидерската позиција, Љупчо Марковски – Калц повторно ќе го внесе тимот во ПМФЛ што би било голем успех за клубот од Автокоманда. Предизвик за Скопје ќе биде да го зачува „костурот“ на тимот, но и да се донесе некое квалитетно засилување што ќе гарантира промоција во Прва лига.

Иако сите очекуваа Гостивар да заврши на првото место, сепак четирите порази го спуштија на третото место со 30 бодови, колку што има и второпласираната Велешта која е најголемо пријатно изненадување во ВМФЛ – Запад за есенскиот дел.

Голем успех во есенскиот дел има и Охрид кој заврши на високото четврто место со 28 бодови и во пролетниот дел доколку продолжи со одличната форма ќе може да атакува за врвот.

ГФК Охрид Лихнидос

Кораб сезоната ја заврши на петтото место со 24 бодови и во пролетниот дел клубот ќе биде предводен од нов тренер, бидејќи клубот од Дебар одлучи да стави крај на соработката со тренерот Боби Стојкоски.

Велазерими со 22 бодови есенскиот дел го финишираше на шесттото место на табелата. Клубот на последните пет натпревари имаше скор од две победи и три последователни порази.

Кадино полусезоната ја заврши на седмата позиција со 15 освоени бодови. Клубот влезе во голема резулатска криза, бидејќи на последните пет натпревари имаше скор од едно реми и дури четири порази, што беше пресудно екипата да заврши на седмата позиција и во пролетниот дел да се бори за опстанок.

Тетекс започна да се буди пред крајот на полусезоната. Клубот од Тетово со 13 бодови е на осмото место на табелата, па во пролетниот дел ќе биде пред сериозна мисија во борбата за опстанок. Во клубот од Тетово пристигаат првите зимски засилувања Божидар Митревски и Ринор Ајдини.

Финансиска криза го спушти Вардар Форино во опасната зона и есенскиот дел го заврши деветото место на табелата со 13 бодови, колку што има и Тетекс.

Дрита есенскиот дел од сезоната го заврши на последното место со 10 освоени бодови. Клубот од Боговиње донесе дури пет засилување, а најголемо од нив е дефанзивецот Дејан Лескароски кој настапуваше во Вардар Форино. Во Боговиње пристигаат и Шпенд Асани, Амир Јашар, Куштрим Таири и Валон Зеќири. Претходно Дрита се раздели со искусниот напаѓач и поранешен репрезентативец на Македонија, Зоран Балдовалиев.

Табелата од Втората лига – Запад – ОВДЕ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!