ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Преглед на Втора лига – Исток: Брегалница чекори кон Прва лига, голема борба за опстанок!

Штипска Брегалница е есенски шампион во Втората лига – Исток и чекори кон Првата македонска фудбалска лига. Второлигашот од Штип е единствен непоразен во есенскиот дел од сезоната и имаат 42 освоени бодови, седум повеќе од Тиквеш кој е втор на табелата.

Тиквеш во есенскиот дел запиша пет ремија и голем пораз во 13. коло од Кит Го со 1:4 што го одалечи уште повеќе од првото место, а Брегалница ја искористи можноста да ја зголеми бодовната разлика. Кавадаречкиот второлигаш многу веројатно e да заврши на второто место на табелата, со што ќе игра бараж за влез во Првата македонска фудбалска лига – амбиција која Тиквеш со години никако да ја оствари.

Кожув есенскиот дел го заврши на третото место со три бода повеќе од одличниот Кит Го кој финишираше на четвртото место. Каменица Саса со големата победа над Кожуф на домашен терен во последното есенско коло се искачи на петото место.

Слога од Виница минатата сезона заврши на првото место во Третата лига – Исток и доби промоција во Втората лига – Исток. Виничани одиграа одлична второлигашка полусезона и со 20 бодови презимуваат на шестото место на табелата, а бодовната залиха и формата им дава сигурен опстанок во Втората лига – Исток.

Осогово по тренерската смена врза две победи и со 19 бодови полусезоната ја заврши на седмото место на табелата. Во последното есенското коло второлигашот од Кочани имаше убедлива победа од 1:7 над Росоман на гостински терен.

Прилепска Победа ја чека тешка борба за опстанок. Прилепчани во есенскиот дел собраа 14 бодови и завршија на осмото место на табелата, што значи дека клубот го очекува тешка пролет во борбата за опстанок во Втората лига – Исток. Дека борбата е тешка говори фактот што имаат само 3 бода над опасната зона за испаѓање, а и фактот што осмото место не гарантира сигурен опстанок, бидејќи последни две екипи директно испаѓаат, а осмопласираната би можела да испадне во Трета лига во зависност од тоа која екипа од ПМФЛ ќе испадне во ВМФЛ – Исток.

Плачковица од Радовиш одигра лошо и полусезоната ја заврши на претпоследното место на табелата со 11 бодови. Радовишани ќе имаат тешка задача доколку сакат да го задржат второлигашкиот статус, бидејќи во моментот се во опасната зона за испаѓање.

Росоман, исто така, минатата сезона се натпреваруваше во Третата лига – Југ и обезбеди промоција во Втората лига – Исток. За првпат жена стана тренер на една машка екипа – Драгана Костова застана на чело на Росоман, која е актуелна фудбалерка и репрезентативка на Македонија и пред неколку дена го засили женсиот шампион Каменица Саса. Шансите за опстанок на Росоман во Втора лига – Исток се речиси многу мали.

Табела од Втората лига – Исток – ОВДЕ.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!