ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Преглед на Трета лига – Југ: Локомотива „вози“ кон Втора лига, четири екипи со шансите да ја запрат

Локомотива од Градско на девет кола до крајот од Третата лига – Југ успешно „вози“ кон Втората лига – Исток, уште четири екипи се обидуваат да ја запрат и да стигнат до второлигашкото друштво.

Лидерот од Градско со 47 бодови е на врвот од табелата, игра фантастична сезона и е на добар пат да обезбеди пласман во Втора лига – Исток, на голема радост на верните фанови. Само четири екипи имаат шанси да ја запрат Локомотива и да застанат на патот кон промоција во второлигашки ранг.

Веќе во недела таква можност ќе има Ново Црнилиште кои на домашен терен доколку триумфира над лидерот бодовната разлика ќе ја намали на само еден бод до тоа посакувано прво место. Вардар Неготино одигра катастрофална есен и ги разочара фановите, па откако се разбуди од зимскиот сон фати приклучок за врвот, но ова екипа ја чека тешка борба за првото место. Превалец е со слична судбина на екипата од Неготино, додека Братство 07 кој доколку го добие заостанатиот натпревар со Динамо од 21. коло тогаш ќе се „закачи“ за Локомотива и ќе се обиде да ја „запре“ и помине на второлигашкиот пат.

>> ЦЕЛАТА ЕКИПА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЈУГ ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<

Останатите екипи кои на стартот од сезоната најавува амбиции и желби за влез во повисок ранг на натпреварување, ќе причекаат до следната сезона.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!