ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Правдата на големата дерби пресметка меѓу лидерот Струга и Шкендија ќе ја дели Ставрев, Грујоски на центарот во Кавадарци

Делегирани судиите за 15. коло од Првата македонска фудбалска лига. Колото ќе биде отворено в сабота со четири натпревари, а пак ќе биде затворено в недела со мечот меѓу Македонија Ѓорче Петров и Брегалница.

Дербито на колото се игра меѓу лидерот Струга и тетовска Шкендија, а правдата покрај езерото ќе ја дели Александар Ставрев од Скопје.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 15. КОЛО ПМФЛ:

Шкупи – Скопје, Игор Стојчевски (Скопје)
Македонија ЃП – Брегалница, Игор Иванов (Велес)
Тиквеш – Работнички, Александар Грујоски (Кичево)
Струга Трим Љум – Шкендија, Александар Ставрев (Скопје)
Академија Пандев – Силекс, Ндерим Тефику (Куманово)

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!