ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Познати судиите за Трета лига – Исток: Шампионот Овче Поле гостува во Дојран, соочување на Малеш и Рудар во Берово

В недела се играат натпреварите од последното 10. коло од Третата фудбалска лига – Исток со што ќе биде заокружена сезоната 2022. Шампион на неколку кола пред крајот на сезоната е Овче Поле.

Третолигашот од Свети Николе патува во баражот каде ќе го чека противникот од шампионите од останатите три третолигашки региони. Овче Поле сезоната ја затвара со гостувањето во Дојран каде ќе се соочи Дојранско Езеро.

Локално дерби ќе се одигра помеѓу екипите екипите на Чешиново 2015 и Карбинци, а пак во Берово ќе гледаме соочување на домаќинот Малеш и Рудар од Пробиштип.

  • Делегирани судии за 10. коло Трета лига – Исток:

Дојранско Езеро – Овче Поле, Јордан Јовановски (Гевгелија)
Чешиново 2015 – Карбинци, Димитар Пилешков (Штип)
Малеш – Рудар, Даниел Ангелов (Кочани)

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!