ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Познати сите второлигаши: Како ќе изгледа единствената Втора лига со 16 екипи !?

Вчера беа одиграни бараж натпреварите помеѓу третолигашките шампиони со што беа пополнети и последните две места во Втората македонска фудбалска лига. Караорман и Арсими се последните патници во второлигашкото друштво за следната сезона.

Познато е дека од следната сезона ќе има единствена Втора македонска фудбалска лига со 16 екипи. Досега Втората лига беше поделена на два региони, Исток и Запад.

Во Втора лига следната сезона ќе се натпреваруваарт: Пелистер (Битола), Борец (Велес), Вардар (Скопје), Гостивар (Гостивар), Тетекс (Тетово), Караорман (Струга), Воска Спорт (Охрид), Охрид Лихнидос (Охрид), Беласица (Струмица), Детонит (Радовиш), Пехчево (Пехчево), Каменица Саса (Македонска Каменица), Слога 1934 (Виница), Беса (с. Добри Дол, Гостивар), Арсими (с. Чегране, Гостивар) и Кожуф (Гевгелија).

Првите две екипи од Втора лига патуваат директно во Првата македонска фудбалска лига, додека пак третто и четвртто пласираните екипи ќе играат бараж со 10-то и 9-то пласираните екипи на табелата во Прва лига.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!