Куп на МакедонијаФудбал

Познати сите екипи кои обезбедија „виза“ за 1/8 финалната фаза во Купот на Македонија

Вчера се одиграа натпреварите од првата рунда од Купот на Македонија, односно од 1/16-финалето со што се познати сите екипи кои обезбедија „виза“ за 1/8 финалната фаза.

Покрај ланските финалисти Македонија Ѓорче Петров и Силекс, како и Воска Спорт, Скопје и Љуботен кои без одигрување на натпреварите обезбедија 1/8 финале, во следната фаза патуваат и Беласица, Работнички, Фортуна, Вардар, Шкендија, Победа, Пелистер, Тиквеш, Брегалница, Академија Пандев и Струга Трим Љум.

Прволигашите без проблем обезбедија следна фаза од Купот, додека пак третолигашот Фортуна со убедливи 5:3 славеше над второлигашот Борец.

Со извлекување ќе бидат одредени паровите за 1/8 финалната фаза во Купот на Македонија. Натпреварите ќе се одиграат следниот месец.

Извештајот со резултати и стрелци од сите Куп-натпревари можете да го прочитате ОВДЕ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!