ЕУРО 2020Фудбал

Познати паровите и датуми за полуфиналето на Европското првенство

Познати се двата полуфинални парови на Европското првенство, како и датумите кога ќе се играат овие спектакуларни натпревари.

20 репрезентации веќе се простија од Европското, меѓу кои имаше и неколку фаворити за самиот врв, како Франција, Германија, Белгија или Португалија, а во игра остануваат само четири селекции за шампион на Стариот континент.

Во борбата за место во финалето ќе се сретнат:

  • Италија – Шпанија (вторник, 21:00 часот, Лондон – „Вембли“)
  • Англија – Данска (среда, 21:00 часот, Лондон – „Вембли“)

Да потсетиме, Италија во четвртфиналето беше подобра од Белгија со победа од 2:1, додека Шпанија ја исфрли Швајцарија по одличната драма и пеналите. Англија беше најсмртоносна и ја совлада Украина со 4:0, додека Данска беше подобра од Чешка со 2:1 во четвртфиналето.

Финалето се игра на „Вембли“ на 11 јули кога ќе добиеме нов европски шампион.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!