ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Познат распоредот на натпревари за третиот круг од ВМФЛ – Исток: Дербито меѓу Брегалница и Тиквеш на 15. мај во Штип

По завршувањето на вториот круг натпревари во Втората лига – Исток, познат е распоредот на натпреварите за третиот, последен, круг во годинашниот шампионат.
Комисијата за натпревари при ФФМ го објави комплетниот распоред изработен согласно Бергеровиот систем, според кој Брегалница во првиот меч од третиот круг на 13. март во Штип од 15 часот ќе ја пречека Каменица Саса.
Дерби натпреварот против Тиквеш е во последното коло сезонава, на 15. мај во Штип, а ќе се игра со почеток од 17 часот.
Во првото коло Тиквеш дома ќе игра со Слога, Кит Го ќе ја пречека Победа, Кожуф ќе биде домаќин на Плачковица, Осогово на домашен терен против Росоман.
Целиот распоред:
