РакометРакомет - Македонска репрезентација

Повикани Стоилов, Манасков и Маркоски, Македонија е подготвена пред повикот за Светското првенство!

Македонската ракометна репрезентација е подготвена и очекува повик за настап на Светското првенство. Денес, селекторот Данило Брестовац ги повика Стојанче Стоилов, Дејан Манасков и Никола Маркоски кои се приклучуваат на подготовките на националниот тим.

Дополнително бил повикан и Гоце Георгиевски, но поради здравествената состојба по прележуањето на коронавирусот, тој нема да се приклучи на подготовктие на репрезентацијата.

Шансите за учество на Македонија на Светското првенство се зголемија, откако има многубројни позитивни случаеви во репрезентацијата на Чешка, како и изолацијата на шведскиот национален тим.

Македонија во недела ќе одигра уште еден пријателски натпревар со репрезентацијата на Чиле со почеток од 17:30 часот, по што ќе биде појасно дека ќе има откажување на некоја репрезентација и ќе бидеме повикани да учестувваме на Мундијалот како прва резерва.

Светското првенство во ракомет ќе започне на 13 јануари (среда).

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!