Европски ФудбалФудбал

Потврдено: Ронадо побара да го напушти Јувентус! Португалецот пред трансфер во Сити!

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо дефинитивно одлучи да го напушти клубот од Торино ова лето, пренесува Фабрисио Романо.

Португалскиот репрезентативец побара од управата на клубот да го продаде, една година пред истекот на неговиот договор.

Манчестер Сити покажа интерес за Роналдо, сепак, „Старата дама“ бара меѓу 28 и 30 милиони евра за нивниот играч, додека „граѓаните“ сакаат да го донесат без обештетување.

Романо наведува дека клубот од Торино ќе добие официјална понуда од Сити во следните неколку часа со цел да се постигне договор што е можно поскоро. Португалецот сигурно нема да му биде на располагање на тренерот Масимилијано Алегри за следниот натпревар.

Шпанскиот новинар Гонзало Лопез известува дека португалскиот напаѓач ќе потпише двегодишен договор вреден 15 милиони евра со „Граѓаните“.

Лопез пишува дека Роналдо е свесен дека во моментов најдобра опција за него е да замине во Сити, пред да замине во МЛС лигата, каде планира да ја заврши кариерата.

Според него, еден дел од трансферот би бил во пари, а другиот дел би бил доаѓањето на еден играч во Јувентус. Италијанскиот клуб изрази желба тоа да биде Габриел Хесус, но Англичаните не се согласуваат со тоа и го нудат Рахим Стерлинг. Останува да видиме дали трансферот ќе се реализира, како и доколку се случи, како ќе реагираат навивачите на градскиот ривал Манчестер Јунајтед, за кого Роналдо играше на почетокот на кариерата.

Роналдо дојде во Јувентус од Реал Мадрид во 2018 година за 100 милиони евра, а претходно играше за Манчестер Јунајтед и Спортинг.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!