Европски ФудбалФудбал

ПОТВРДЕНО: Пјаниќ ја доби најлошата можна вест, ќе мора да си замине од „Камп Ноу“

Холандскиот стручњак Роналд Куман и следната сезона ќе биде тренер на Барселона. Така одлучи претседателот Жоан Лапорта, која очигледно не сакаше да плати огромна отштета на Холанѓанецот во случај на разрешување.

Да потсетиме, Куман пристигна на „Камп Ноу“ во средината на август минатата година, заменувајќи го Кике Сетиен откако клубот доживеа вистински дебакл од Баерн во Лигата на шампионите. Тогаш Куман потпиша договор до 30 јуни 2022 година, кој очигледно ќе биде испочитуван до крај.

Барса го освои само Кралскиот Куп оваа сезона, тие беа елиминирани од ПСЖ во Лигата на шампионите, додека останаа со кратки ракави во Примера, која ја освои Атлетико. Се очекуваше дека ваквите резултати нема да го спасат од отказ, но Лапорта реши да му даде нова шанса на Куман.

Италијанскиот новинар Фабрисио Романо потврди дека Куман ќе остане, а ова на Миралем Пјаниќ сигурно нема воопшто да му се допадне. Босанскиот играчот за врска пристигна од Јувентус како големо засилување, но имаше мизерна статистика во каталонскиот гигант.

Ова исто така значи дека сега, скоро сигурно, Пјаниќ ќе го напушти „Камп Ноу“ ова лето, и наводно е најблизу до враќање во Италија. Јувентус сака да го врати, но во игра е и новиот шампион Интер.

Каталонците веќе ангажираа три засилувања оваа сезона: Серхио Агуера, Ерик Гарсија и Емерсон од Бетис.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!