ЕУРО 2020Фудбал

ПОТВРДЕНО: Англичаните останаа без ѕвездата на Јунајтед за ЕП!

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд е повлечен од англиската репрезентација поради повреда, објави денеска англискиот гигант.

Гринвуд беше еден од 33-те играчи што селекторот Гарет Саутгејт го стави во привремениот список минатиот месец пред да одлучи со кои играчи ќе оди на Европското првенство.

Саутгејт треба да го објави конечниот список со 26-те играчи што ќе ги води на ЕП.

„Понатамошниот ангажман на ЕП не би бил од корист и Мејсон ќе остане во Јунајтед за да се опорави и да се подготви за предсезонски тренинг“, се вели во соопштението од Јунајтед.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!