ЕУРО 2020Фудбал

ПОТВРДЕНО: 60.000 навивачи на финалето на Европското првенство на „Вембли“

Повеќе од 60 000 гледачи ќе можат да присуствуваат на полуфиналето и на финалето на Европското првенство на „Вембли“, потврди Владата на Велика Британија.

Ова значи дека за финалето ќе биде исполнет 75% од капацитетот на славниот стадион.

Сè уште не е објавено кои постапки ќе треба да ги следат навивачите од странство за да можат да присуствуваат на последниот натпревар без да бидат во карантин по пристигнувањето во Лондон.

„Овој турнир беше светилник на надежта, за да им покажеме на луѓето дека се враќаме на понормален начин на живот. Благодарен сум на премиерот и на Владата на Велика Британија за нивната напорна работа со цел да се постигне овој договор со нас и финалето на турнирот да се игра пред голем број навивачи“, изјави првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.

Полуфиналните натпревари и борбата за титулата ќе бидат спортски настани со најголем број навивачи во Велика Британија во последните 15 месеци.

„Финалето ќе биде незаборавен момент во опоравувањето на нашата нација од пандемијата“, рече државниот секретар Оливер Дауден.

Околу 22.000 навивачи можеа да присуствуваат на натпреварите од групната фаза на Европското првество.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!